МВР Билтен (ДПЛ)
- Денеска во три часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје привеле 17-годишник, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија.

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - На место викано „Куклишка раскрсница“, струмичко, полициски службеници од СВР - Струмица во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода Б.К., на 21-годишна возраст од Гевгелија.
При преглед, кај него била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица. По документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 18:40 часот на крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 18-годишниот тетовец Б.З..
Кај него биле пронајдени и одземени 10 пакувања со марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 14:45 часот, на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, во близина на населбата „Свети Стефан“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР - Охрид, ги приведоа Џ.М. и Д.К., двајца охриѓани на возраст од 36 и 35 години.
Претходно, полициска патрола од полициската станица за граничен надзор - „Охридско Езеро“, преземајќи службени мерки, сопрела патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, каде двајцата се превезувале и при преглед, во возилото пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска во 00:30 часот, лишени од слобода се Ј.В. и С.С., на возраст од 38 и 34 години, двајцата од Кичево.
При преглед во возило „голф“ каде се превезувале, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР - Кичево, пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа во 23:30 часот во СВР - Скопје, И.Н., на возраст од 32 години од село Крушопек, скопско, пријавил дека околу 19 часот на подрачјето на Карпош, додека управувал такси возило, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, патот му бил попречен од друго возило и бил физички нападнат од Ф.Н. и уште едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14 часот во СВР - Скопје, Ф.И., 44-годишен скопјанец, пријавил дека на 28 февруари околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од М.А.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 16:30 часот во СВР - Скопје, Д.С., 61-годишник од село Инџиково, скопско, пријавил дека пред продажен објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од С.У. и Л.„Н“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во три часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР - Скопје привеле 17-годишник, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР - Скопје го привеле Е.А., 20-годишник од село Сарај, скопско.
Го привеле затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР - Битола поднесе кривична пријава против Ф.С., на 42-годишна возраст од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Пријавениот во февруари и во август 2024 во Битола, на две лица им продал амфетамин и метамфетамин.
СВР - Битола поднесе кривична пријава против С.Н., 48-годишно лице и против К.З., на возраст од 35 години, двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што биле пронајдени и одземени марихуана и метамфетамин.
Вчера во осум часот во ОВР - Крушево, М.Х., на возраст од 38 години од овој град, вработен како полициски службеник во ОВР - Крушево, пријавил дека во временскиот период од 31.10.2024 до 01.03.2025 од страна на непознат сторител од металниот шкаф, што пријавителот го користел за сместување на опремата и службеното оружје, во просториите на ОВР - Крушево, му бил одземен службениот пиштол со рамка каде имало 13 куршуми.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. бд/нд/
Фото: МИА архива