• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - На 05.12.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово - ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик. Имено, на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело. За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

На 05.12.2023 од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возилата, пред се на нивната техничка исправност. При контролата биле откриени и 5 возила (ТЕ-3 и ГВ-2) со неисправни сопирачки, 1 (ТЕ) со неисправни други системи, 5 возила (ТЕ-2 и ГВ-3) кои не поседувале адекватна зимска опрема и 2 со истечена регистрација (ТЕ-1 и ГВ-1). Сите технички неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите им се изготвени предвидените поднесоци со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на утврдениот прекршок, се движат од 50 до 400 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, санкционирани се и 5 лица кои ги управувале возилата без соодветна дозвола (ТЕ-4 и ГВ-1), 2 возачи-почетници (ТЕ-1 и ГВ-1) кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 1 возач (ТЕ) со впишана забрана за управување, 1 возач (ТЕ) поради неносење  на возачка дозвола, како и 4 (ТЕ) кои непрописно, односно погрешно ги паркирале возилата. Санкционирани биле и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3).

На 05.12.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 14 прекршоци од кои 8 надвор од  населено место и 6 во населено место. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 1 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 5 за управување возило без возачка дозвола, 4 за некористење  сигурносен појас, 7 за непрописно  паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

На 05.12.2023 во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот. Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.   

На 05.12.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со Р.Б.(18) од с.Св.Петка, скопско. Според пријавеното, околу 17.30 часот на ул.„Трета  македонска бригада“ во Скопје тој со пиштол му се заканил на У.Р.(22) од Скопје. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против И.Д.(23) и А.Х.(24), двајцата од с. Конче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 17.09.2023, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал второпријавениот, а во кое бил првопријавениот и уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 04.12.2023 во 18.29 часот во СВР Скопје, 45 - годишен маж од Скопје пријавил дека на 02.12.2023 околу 21.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата поранешна вонбрачна партнерка В.С.. Според пријавеното, за да се одбрани, тој ја турнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(43) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. На 24.12.2018, во својство на раководител на заеднички служби на ЈЗУ Општа болница – Охрид, пријавениот лично за себе прибавил корист на начин што направил службена исправа со невистинита содржина, при што внел невистинити податоци во Правилникот за систематизација на работните места во ЈЗУ Општа болница - Охрид и ги употребил во службата како вистинити, а на штета на буџетот на Министерството за здравство на РСМ.

На 05.12.2023 во 17.20 часот во СВР Скопје, А.Ц.(50) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.12.2023 година во 15.40 часот во Полициската станица Радовиш, М.К.(62) од Радовиш пријавил дека на ул.„Шаин Маале“ во Радовиш бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против К.Г.(22) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.11.20023 во казино во Делчево, пријавениот агресивно се однесувал кон двете вработени, по што го искршил стаклото од влезната врата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.И.(22) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 12.10.2023 на Градскиот плоштад во Кочани, пријавениот со мотоцикл удрил во возило, по што и физички го нападнал возачот на возилото.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Д.(63) од Охрид, со престој во Холандија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Без да поседува одобрение за градба, издадено од надлежен орган, пријавената изградила објект за времено сместување. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан