• среда, 25 декември 2024

МВР билтен ДПЛ

МВР билтен ДПЛ

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Т.П.(31) од село Смојмирово, беровско, М.Д.(25) и А.З.(25), и двајцата од Берово, по претходна пријава дека од викенд куќа на место викано „Тоскова ливада“, пукале со огнено оружје. Извршен бил увид на местото на настанот при што биле пронајдени и одземени сигнален пиштол „екол специјал 99“ калибар 9мм и пиштол „зораки 917-T“ калибар 9мм, а пронајдени и подигнати биле и испукани чаури. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава против К.Ј.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.04.2024 бил извршен преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Во СВР Скопје вчера во 22:00 часот било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Љ.С.(30) од тетовска Мала Речица вчера година во 18:50 часот во СВР Тетово пријавил дека му била злоупотребена банкарска кредитна картичка која не можел да ја најде, а при преглед на неговата сметка забележал дека биле извршени неколку трансакции. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.10.2023 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и амфетамин.

П.М.(56) од Скопје утринава во 1:30 часот во СВР Скопје пријавил дека вчера околу 21:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ј.О. и М.Н., кои потоа заедно со уште две други лица пред објектот оштетиле и инвентар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 22:10 часот во СВР Скопје 69-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брат Ѓ.З.(67) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.12.2022, откако ги забележал полициските службеници, пријавениот фрлил кокаин, кој подоцна бил пронајден и одземен.  

Полициски службеници од Полициска станица Карпош вчера во 17:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје ги привеле М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје. Тие претходно го  нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

К.Н.(40) од село Мирковци, скопско, вчера во 19:45 часот во СВР Скопје пријавила дека околу 16:55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело златен синџир што го носела на себе. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, амфетамин и таблета МДМА.

Вчера во 9:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека завчера во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, соученик недолично се однесувал кон нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје денеска во 0:07 часот било пријавено дека во казино на подрачјето на Центар две лица со закана кон вработениот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.12.2023, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 21:50 часот го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко, според која тој не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, и дошол во неговиот дом. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Р.К.(67) од Кочани утрово во 07:53 часот во Полициска станица Кочани пријавил дека во село Бурличево, Општина Чешиново Облешево, бил физички нападнат од Г.Д.(52) од истото село, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 3:55 часот во Струмица го лишиле од слобода К.В.(40) од село Водоча, струмичко. Тој завчера на магистрален пат А-4 Струмица—Радовиш, на место викано „Градашорска крстосница“, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.вј/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан