• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Г.Г.(34) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.03.2023 на Граничен премин „Деве Баир“, пријавениот на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило кое го управувал.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 08.02.2023, пријавениот преку социјалната мрежа „инстаграм“ упатил закани кон неговата поранешна сопруга.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 27.01.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле муниција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(22) и Д.М.(28), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.03.2023 на улица „Брака Миладинови“ во Тетово, полициски службеници извршилe преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им била одредена мерка притвор.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.А.(48) од село Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на ноември 2022 година во село Неготино, пријавениот започнал изградба на објект без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Од итна медицинска помош вчера околу 13;30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во камп приколка во село Николиќ, бил пронајден починат С.К.(70) од Скопје, а од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Од страна на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Х.Б.(23) од охридската населба Рача, вчера во 19.00 часот во СВР Охрид пријавила дека, на улицата „Наум Охридски“ била касната од куче скитник.

Ш.И.(20) од Кичево, вчера во 20:20 часот во полициска станица пријавила дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево, била касната од куче скитник.

М.А.(34) од Скопје вчера во 14:00 часот во Полициска станица Кисела Вода пријавил дека околу 12:20 часот пред спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

А.П.(41) од Скопје вчера во 0:15 часот во Полициска станица Аеродром пријавила дека завчера околу 22:00 часот во трговски центар на подрачје на Аеродром нејзината малолетна ќерка по претходно недоразбирање била физички нападната од неколку малолетни женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Ш.А.Г.(50) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Вчера полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 10/11 март од 23 до 5 ч.асот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол, во која вкупно се откриени и санкционирани 11 возачи (ТЕ-6 и ГВ-5). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Во контролата со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4).

Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот е пријавено дека во аптека на подрачје на Карпош едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран синоќа во 1:35 часот на раскрсница „Богданци“ го лишиле од слобода О.Т.(24) од Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти. О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги привеле С.Ч. и Р.Г., постапувајќи по претходна пријава од М.С. (46) од Скопје, кој во 3:40 часот во ПС Гази Баба пријавил дека околу 2:15 часот на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба, а по претходен телефонски повик, се сретнал со С.Ч., кој по кратко време физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило „ауди“ и да се упатат кон продажен објект на подрачје на Гази Баба, во кој биле Р.Г., В.Г. и Х.С.. Притоа, според пријавеното, С.Ч.  постојано го прашувал М.С. во какви релации е со неговата сестра и му упатувал закани. Кога стигнале во објектот С.Ч. со пиштолот го удрил М.С.. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 14:00 часот во село Дреново го привеле Н.Р.(36) од Косово затоа што по извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата. На лицето му е издадено решение за протерување на странец и му е изречена забрана за влез во државата.

Во Полициската станица Аеродром вчера е пријавено дека на 08.03.2023 во 22:00 часот во обложувалница на подрачје на Аеродром поради претходно нерасчистени проблеми бил нарушен  јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(18) и М.Ч.(20) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Драчево вчера во 12:30 часот е пријавено дека пред продавница на подрачје на Драчево поради нерасчистени доверителски односи Д.А.(33) од  Скопје физички го нападнал Д.Н.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Карпош вчера во 20:00 часот е пријавено дека од Јавна Установа за згрижување деца се оддалечила нивната штитеничка Б.Ј.(16), која и претходно се оддалечувала од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15:20 часот во Куманово  го лишиле од слобода Ќ.Р.(44) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија во врска со претходно пријава од Р.И.(47) од село Слупчане дека околу 15:00 часот во угостителски објект во Куманово пријавениот Ќ.Р. агресивно се однесувал кон присутните и физички го нападнал Р.И. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во Полициската станица Крива Паланка вчера во 12:45 часот е пријавено дека во итната медицинска помош Крива Паланка во 12:10 часот од П.Д. било донесено со повреди нејзиното малолетно дете, кои, според пријавеното, по претходна расправија му биле нанесени со остар предмет (ножици) во нивниот дом во Крива Паланка од неговиот малолетен брат. Полициски службеници излегле на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

В.Л.(20) од Битола вчера во 16:30 часот во Полициска станица Битола пријавила дека на 8.03.2023 околу 22:00 часот во близина на плоштад во Битола била физички нападната од Ш.У. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Г.Ц.(51) од Македонски Брод вчера во 12:00 часот во Полициска станица Македонски Брод пријавил дека околу 1:00 часот во Македонски Брод неговото патничко моторно возило „пежо“ со регистарски ознаки од Македонски Брод било оштетено со тврд предмет од Д.Д. од село Суводол, Македонски Брод, а потоа истиот со спреј го испрскал Г.Ц. и физички го нападнал со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 1:45 часот во Битола го лишиле од слобода Н.К.(39) од село Вирово, Демир Хисар затоа што агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во Полициската станица Прилеп синоќа околу 0:30 часот е пријавено дека настанал пожар на оџак од куќа на ул. „Ѓоре Ѓорески“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(74) од Прилеп, при што бил опожарен дел од покривот на куќата и дел од ламперија. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Во Полициската станица Свети Николе вчера во 13:00 часот е пријавено дека во дворно место од заедничката куќа во Свети Николе З.П.(32) од Свети Николе  агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата мајка С.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Струмица  вчера во 14:02 часот е пријавено дека околу 13:30 часот во село Долни Липовиќ по претходно недоразбирање С.С. и Т.С. физички го нападнале со тврд предмет и остар предмет С.Н., додека пак, според пријавеното, С.Н. го турнал С.С..  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.Р.(69) од Прилеп синоќа во 2:10 часот во Полициска станица Прилеп пријавил дека во неговиот двор во Прилеп едно лице фрлило шише со запалива течност по што настанал пожар од кој биле опожарени бекатон плочки во дворот. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ј.М.(44) од Струмица утринава во 3:30 часот во Полициска станица Струмица пријавил дека околу 3:00 часот во Струмица бил физички нападнат од В.Н. и В.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

С.С.(71) од село Иванковци, велешко вчера во 14:30 часот во Полициска станица Велес пријавил дека  во 13:00 часот во Иванковци бил физички нападнат од женско лице В.Р. од Иванковци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Неготино утрово во 6:30 часот е пријавено дека пред казино во Неготино по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ј.(43) и А.Ј.(36) двајцата од село Криволак од една страна и С.А.(32) од Неготино од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски служебници од Полициската станица Гостивар вчера во 19:50 часот во Гостивар од слобода го лишиле Б.С.(30) од село Здуње, гостиварско затоа што според пријавеното околу 19:10 часот поради претходно недоразбирање му упатувал закани на Џ.Е.(38) од село Нистрово, Маврово и Ростуше. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 23:20 часот во казино во Тетово го привеле Б.Б.(37) од Албанија затоа што по извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (11/12.03.2023) во периодот од 22:00 до 4:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 21 возачи. Од нив 9 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 3 во Демир Хисар и по еден во Ресен, Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.вј/

Фото: МИА архива

 

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан