• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) - Денеска (14.09.2023) во 12.20 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко. Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Денеска (14.09.2023) во 13.45 часот на надвозник на клучка кај село Стајковци, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В. од село Добри Дол, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 13.09.2023 околу 23.50 часот на место викано „Чардак“ на подрачје на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата во Неготино. При преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Денеска (14.09.2023) во Полициската станица Чаир бил повикан А.Х.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека на 12.09.2023 во Шуто Оризари извршил кражба, при што од отклучено возило сопственост на Р.И.(33) од Скопје одзел чанта со мобилен телефон. Во службен разговор тој го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2023 во 21.00 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода е А.З.(20) од Ресен, затоа кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (13.09.2023), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 534 возачи. Од нив 41 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движелe дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 251 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 283 надвор од населено место.

На 13.09.2023 во периодот од 14.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршена е акцискa контролa во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 44 возачи, кои во и надвор од населени места управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената - Охрид-16, Струга-08, Кичево-10, Дебар-10.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување судска одлука“. Тој, на 30.08.2023 околу 18.30 часот, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата сопруга, a од претходно имало решение од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство.

На 13.09.2023 во 08.30 часот во СВР Скопје, К.А.(25) од Скопје пријавил дека околу 07.40 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2023 во 15.28 часот во СВР Скопје, 38 - годишна жена пријавила дека на 12.09.2023 околу 15.00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.П.(41). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, Ш.И.(45) од селото Црн Врв, скопско, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје пријавил дека во 12.45 часот во просторија во установата, бил физички нападнат од друг осуденик С.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 13.09.2023 во 17.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во селото Горно Лисиче, на место викано „Мачкини дупки“, настанал пожар при што биле опожарени викенд куќа, сопственост на Т.С.(50), 15 празни сандаци за пчели, сопственост на Г.А.(51) и пет полни сандаци со пчели, сопственост на Б.С.(44), сите од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 13.09.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, К.А.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од М.А.(56) од село Арачиново, кој бил со Н.А., по што му се заканиле со тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 13.09.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје, С.Л.(56) од Скопје пријавил дека околу 13.20 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2023 во 10.00 часот во ЕНК при СВР Скопје В.С.(30) и М.Н.(38) од Скопје пријавиле дека на 11.09.2023 околу 02.15 часот на подрачјето на Аеродром, едно лице, кое било со возило џип, со остар предмет ги нападнало и им нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2023 во 08.40 часот во СВР Скопје М.Г.(67) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот на пазар во населбата Драчево, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од И.Ј.(52) од селото Елово. По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил изградба на објект од метална конструкција. При извршен вонреден инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид, констатирал дека пријавениот градежните зафати ги извршил без потребна документација во согласност со Законот за градба.

На 13.09.2023 во 13.40 часот, Д.М.(74) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „11 Октомври“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, К.П.(49) од кичевското село Другово пријави дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 13.09.2023 во 21.23 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје било донесено машко лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(39) од селото Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во Национален парк „Шар Планина“ поставил жичана ограда на метални шипки бетонирани во земја на земјиште во државна сопственост.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.А.(65) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.08.2023 во Кочани, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан