• петок, 27 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 12:20 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Б.И.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 14:15 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода И.Н.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје вчера во 23:50 часот на улицата „Вангел Тодоровски“ во Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(25) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен  кривичен суд Скопје за издржување на мерка притвор по пресуда за казна затвор од 4 години за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик. Д.Ј. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.  Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје вчера во 23:50 часот на улицата „Вангел Тодоровски“ во Скопје го лишиле од слобода С.Б.(21) од Гевгелија. Тој бил баран со централна потерница од Основен суд Гевгелија за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. С.Б. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар завчера во 23:00 часот го лишиле од слобода Џ.Д.(48) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21:00 часот со употреба на сила влегол во подрумска просторија на улицата „Емин Дураку“, сопственост на А.Џ.(29) од Скопје и одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје вчера во 15:30 часот на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје ја лишиле од слобода Д.Ѓ.(42) од Скопје. Таа била барана со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Д.Ѓ. ќе биде спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната. Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје вчера во 19:45 часот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, го лишиле од слобода А.В.(32) од Скопје. Тој бил баран со централен распис, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. А.В. бил спроведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка. Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола на 19 март годинава на улицата „Прилепска“ во Битола ги лишиле од слобода Д.Б.(29) и С.И.(30), двајцата од Битола. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во продажен објект и автоперална каде одзеле повеќе предмети. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16:35 часот ги лишиле од слобода Е.Б.(27), С.Д. (21), С.А.(26) и Р.Р.(26), сите од Куманово. Тие биле затекнати во земјоделски објект во село Доброшане, кумановско, при обид да извршат кривично дело „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15:30 часот го лишиле од слобода Ј.К.(39) од Куманово, бидејќи на улицата „Илинденска“ во Куманово физички го нападнал Д.Ј.(38) од Куманово, вработен во јавно претпријатие, кој во тоа време извршувал службени дејствија. Ј.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека 35-годишниот Ј.М. од Република Турција се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фабрика на улицата „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на турски државјанин. Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 40 прекршоци, од кои 21 надвор од  населено место и 19 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за прекршоци сторени од пешаци и 2 за непрописно паркирање. Полициски службеници вчера на територијата на СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 18 возачи, од кои 5 на територија на Ресен, 9 на територија на Битола, 2 санкции на територијата на  Прилеп и 2 во Македонски Брод. Утринава во 1:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул,„Маршал Тито“ со бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген туран“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Република Турција излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. М.Ѓ.(46) од Скопје вчера во 22:00 часот во Полициската станица Гази Баба пријавила дека на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ била касната од куче скитник.   Во СВР Скопје вчера во 13:25 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска Бригада“ и ул.„12-та Македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Л.Т.(19) од Скопје и патничко возило „фиат уно“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. К.Е.(41) од Скопје вчера во 20:00 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека на бул.„Видое Смилески Бато“ бил каснат од куче скитник. вј/

Остани поврзан