• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) - На 01.02.2022 во 20:05 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и 31 куршум. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 01.02.2022 околу 13 часот полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 63-годишниот С.Б. од гостиварско Дебреше. Тој претходно одзел повеќе предмети од трговски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, сопственост на А.А.(50) од Гостивар. Украдените предмети се одземени и вратени на сопственикот, додека по документирање на случајот против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.Регионалниот центар за гранични работи југ поднесе кривична пријава против А.Д.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Имено, на 28.01.2022 во 06:05 часот на регионалниот пат Валандово-Струмица А.Д. со патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица – мигранти од Сирија, излетал од коловозот, по што го напуштил местото на незгодата во која еден од мигрантите се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. По преземени мерки, на 01.02.2022 во 00.00 часот на регионалниот пат Гевгелија - Велес, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода пријавениот А.Д.. Од судија на претходна постапка на него му е одреден притвор во траење од 30 дена.На 02.02.2022 околу 01:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение дека претходно извршил кривично дело. Според  пријавеното, тој измислувајќи лажна приказна побарал од 23-годишниот Т.В. од тетовска Мала Речица со возило да го превезе до Гостивар и му одзел личен предмет во кој имало и документи. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот Т.В.. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 01.02.2022 во периодот од 20:30 до 22:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица и три патнички возила со струмички регистарски ознаки. При контролата во автобусот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, управуван од Н.Б.(37) од село Велуса, струмичко, било утврдено дека вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Исто така, биле затекнати и повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат. Додека, при контрола на патничките возила на магистралниот пат Струмица – Радовиш било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. За настаните биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 01.02.2022 во 21:40 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(24) од Гевгелија. При контролата било констатирано дека возилото врши меѓународен превоз на патници без соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возилото.На 01.02.2022 во 16:10 часот во Градски парк Скопје,  подрачје на Центар, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 01.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 9 прекршоци, од кои 7 во населено место и 2 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои не почитуваат првенство на минување на пешаци. Притоа биле откриени и санкционирани 3 прекршоци. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, по 1 за нерегистрирано возило, за управување возило под дејство на алкохол, за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање.На 01.02.2022 во ОВР Прилеп било пријавено дека во село Присад, прилепско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 105 мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната. Увид бил извршен.На 01.02.2022 во ОВР Ресен, раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување Ресен пријавил дека од место викано „Чертикамен“, во туристичка населба Отешево, била пронајдена артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од нивна страна. Увид бил извршен.На 01.02.2022 во 15:45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на село Смијмирово, патничко моторно возило „ауди“, со беровски регистарски ознаки, управувано од В.С.(55) од село Смојмирово, изгубило контрола и излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.С., констатирани во Здравствен дом Берово. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.На 01.02.2022 во 12:20 часот во Полициска станица Центар, Д.С.(51) од Скопје пријавил дека на улица „23 Октомври“ бил каснат од куче скитник. свс/

Остани поврзан