МВР-билтен
- На 06/07.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Ч. (46) и Л.К.(19), двајцата од Скопје, како и С.Р. (32) од с.Кондово, Скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Скопје, 7 февруари 2026 (МИА) - На 06/07.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Ч. (46) и Л.К.(19), двајцата од Скопје, како и С.Р. (32) од с.Кондово, Скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.02.2026 во 06:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- с.Маково, патничко возило „ауди" со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(58) од Битола, излетало од коловозот. По несреќата, С.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 06.02.2026 во 11:53 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на крстосница од ул. „Кеј на револуцијата“, ул.„Браќа Ставреви“ и „Нов мост“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(37) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 06.02.2026 во 16:40 часот, во населбата Млаки во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар го приведоа А.К. (45) од с. Леуново, затоа што бил баран по наредба од Основен суд Гостивар за издржување казна затвор во траење од 30 месеци, за сторени кривични дела по член 235, 236 и 268 од КЗ. Лицето е спроведено во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.
На 07.02.2026 во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.02.2026 во 16:50 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода В.М.(56) и Р.А.(27) од село Возарци, Кавадаречко. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ од имот во близина на село Возарци. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2026 во 13:00 часот во СВР Куманово С.М. (48) од Куманово пријави дека на улицата „Доне Божинов" во Куманово бил физички нападнат од Ш.Е., С.Е. и С.Е.. сите од Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.02.2026 во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.02.2026 во 12:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го приведоа Б.Д.(67) од Делчевско, постапувајќи по претходна пријава дека на бул.„Македонија“ во Делчево го нарушил јавниот ред и мир. По преземени мерки е констатирано дека бил под дејство на алкохол и му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2026 во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот. мд/
Фото: МИА архива