Мбапе за обвинувањата за силување: Лажни вести!
- Поради повреда, Килијан Мбапе не играше за француската репрезентација во октомврискиот прозорец на Лигата на нации, но тоа време го мина одморајќи во Шведска. Но, на тој одмор тој беше обвинет за обид за силување, а по шпекулациите во шведските медиуми се огласи и францускиот напаѓач.
Стокхолм, 14 октомври 2024 (МИА) - Поради повреда, Килијан Мбапе не играше за француската репрезентација во октомврискиот прозорец на Лигата на нации, но тоа време го мина одморајќи во Шведска. Но, на тој одмор тој беше обвинет за обид за силување, а по шпекулациите во шведските медиуми се огласи и францускиот напаѓач.
Мбапе мина две ноќи во Стокхолм, каде се одмора со пријателите и се подготвуваше за продолжението на сезоната во Реал Мадрид. За време на тој одмор, шведските медиуми дошле до информации за обидот на Мбапе и неговите пријатели, меѓу кои бил и Норди Мукиеле, позајмен играч од ПСЖ во Леверкузен, да силуваат млада девојка.
Сè се случило во текот на претходната недела, а полицијата, според шведските медиуми, покренала истрага за да утврди дали имало обид за силување.
По серијата написи во шведските и европските медиуми, Килијан Мбапе се огласи преку социјалната мрежа „Х“ и порача: „Лажни вести! Ова станува толку предвидливо, само за да следи публиката“, напиша кратко напаѓачот на Реал Мадрид.
Мбапе заработи повреда на потколеницата на натпреварот од седмото коло на Ла Лига против Алавес. Одигра нешто повеќе од половина час од мечот со Лил, потоа поголемиот дел од натпреварот во дуелот со Виљареал, но сепак реши да ја санира повредата до крајот и да не игра за Франција во овој прозорец. дс
Фото: Архива