• среда, 25 декември 2024

Матарела: Европа мора да усвои нови мерки за справување со коронавирусот

Матарела: Европа мора да усвои нови мерки за справување со коронавирусот
Рим, 27 март 2020 (МИА) - Европа мора да усвои нови мерки за справување со заканата од коронавирусот, им порача денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела на лидерите на Европската унија, нагласувајќи дека тие мора да дејствуваат пред да биде предоцна. Матарела тоа го изјави во телевизиско обраќање до нацијата, бидејќи лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за заеднички пристап за решавање на економското влијание на пандемијата. - Новите иницијативи се неопходни за надминување на стариот начин на размислување, затоа што е далеку од реалноста на драматичните околности со кои се соочува нашиот континент, рече Матарела. Тој, сепак, изрази надеж дека сите, пред да биде доцна, во целост ќе ја сфатат заканата со која се соочува Европа. Италијанскиот претседател, чија земја е најтешко погодена со пандемијата на вирусот Ковид-19, ги пофали Европската централна банка и Европската комисија за начинот на кој одговориле на кризата, оценувајќи дека донеле „важни и позитивни финансиски и економски одлуки“, што, меѓутоа, се уште не го сториле и лидерите на ЕУ. - Солидарноста не произлегува само од вредностите на Унијата, таа е и во заедничкиот интерес, рече Матарела. паг/

Остани поврзан