• четврток, 20 март 2025

Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана  

Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана  

Брисел, 20 март 2025 (МИА) – Конкурентноста на ЕУ, последните настани поврзани со Украина и следните чекори во напорите за зајакнување на европската одбрана, ќе бидат главни теми на мартовскиот редовен Самит на Унијата, што започнува денеска во Брисел. 

Покрај ова, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат и за следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) на блокот за по 2027 година, за најновиот развој на настаните на Блискиот Исток и прашања поврзани со миграцијата. 

На денешниот работен ручек на Самитот поканет е и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кого европските лидери ќе разговараат за мултилатерализмот и други глобални прашања, како и за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека континуираната поддршка за Украина, потребата да се инвестира во европската одбрана и конкурентноста на блокот се тесно поврзани прашања.  

- Поконкурентна Унија ќе значи посилна Унија, која ќе биде поспособна да ги заштити своите граѓани, своите интереси и своите вредности на глобалната сцена, посочи Кошта.  

Во најавата за Самитот се посочува дека во услови кога е соочена со повеќе сложени предизвици, ЕУ треба да ја зајакне своите конкурентност, стратешка автономија и прилагодливост, со цел „Европа да остане просперитетна и да го одржи своето глобално лидерство“. 

- Во светлината на претходните заклучоци, вклучително и оние од април 2024 година, Декларацијата од Будимпешта за нов договор за конкурентност и неодамнешните предлози на Комисијата за Компасот за конкурентност, Договорот за чиста индустрија и Пакет-мерките за поедноставување, дебатата на лидерите за конкурентноста ќе се фокусира на три приоритетни области: поедноставувањето, енергијата и Унијата за штедење и инвестиции, се додава во најавата.

Не може да има никакви преговори за Украина беа учество на Киев, се посочува во текстот на предлог-заклучоците од денешниот специјален Европски совет во Брисел посветен на поддршката на Украи

Во тој контекст предвидено е на Самитот да се разговара за индустриските иновации, обновата, декарбонизација, обуката и задржувањето на стручно оспособените кадри и поддршката на автомобилската, челичната и металската индустрија. 

Во однос на Украина, Кошта во поканата посочи дека најдобрата безбедносна гаранција што ЕУ може да и ја даде на земјата е преку зајакнување на нејзините капацитети за самоодбрана, како и преку изградбата на кредибилна и робусна „Европа на одбраната“. 

- За да се постигне мир преку сила, Украина мора да биде во најсилна можна позиција пред, за време и по преговорите за ставање крај на војната. Во овој контекст, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за неодамнешните случувања, се наведува во најавата за Самитот. 

Во врска со напорите за отпочнување преговори за постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир, како што се додава во најавата, ЕУ ја поздравува заедничката изјава на Украина и САД, вклучувајќи ги и предлозите за договор за прекин на огнот, хуманитарните напори и продолжувањето на размената на информации од страна на американското разузнавање и на пружањето безбедносна помош.  

- ЕУ е подготвена да ја одигра својата целосна улога во поддршката на претстојните чекори, заедно со Украина, САД и другите партнери, се додава во најавата. 

Во тој контекст лидерите ќе ја продолжат расправата започната на специјалниот Европски совет на 3 март, на кој се разговараше за поддршката на Украина и за потребата од забрзување на напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност на ЕУ за справување со непосредните и идните предизвици. 

На последниот состанок на Европскиот совет, лидерите повикаа на побрзо поедноставување на потребните процедури и мобилизирање дополнителни финансии за одбраната и одбранбената индустрија, при што ако приоритетни области за дејствување ниво на ЕУ и во целосна соработка со НАТО, ги наведоа обезбедувањето на противвоздушна и противракетна одбрана, артилериски системи, проектили и муниција, беспилотни летала и системи за справување со дронови, воената мобилност, вештачката интелигенција и кибер и електронското војување. 

Се очекува лидерите да разговараат и за следните чекори по вчерашната презентацијата на Белата книга за европската одбрана „Подготвеност 2030“ од страна на Европската комисија и неодамна промовираниот План „Ревооружување на Европа“.

Sa më shumë që investojmë në mbrojtje, aq më shumë e vlerësojmë atë, ndërsa gjatë dekadave të fundit nuk kemi mbajtur llogari sa duhet, porositi sot Përfaqësuesja e lartë e BE-së për punë të

Предвидено е лидерите да ја имаат и првата размена на мислења за следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ (ММФ) и за начините за обезбедување средства за финансирање на расходите на ЕУ. 

- Во тој поглед, лидерите ќе се осврнат на главната финансиска равенка за следниот МФФ и начините како да се осигура дека буџетот ги има потребните ресурси, со кои ЕУ ќе ги постигне своите цели, се најавува во најавата. 

Во овој дел од Самитот на лидерите ќе им се придружат и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард и претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју. За прашањата поврзани со МФФ ќе се разговара и за време на работната вечера. 

Лидерите на ЕУ ќе се осврнат на ситуацијата и најновите случувања на Блискиот Исток, особено во Газа, поврзано со спроведувањето на Договорот за прекин на огнот и ослободување заложници, како и на состојбата во Сирија. 

- ЕУ е длабоко вознемирена од драматичната воена ескалација на Блискиот Исток и ризикот што таа го претставува за целиот регион. ЕУ е целосно посветена да помогне за деескалација на ситуацијата и за намалување на тензиите, да продолжи да обезбедува помош заснована на потребите на луѓето во регионот, особено на најранливите и да го зголеми својот хуманитарен ангажман, се додава во најавата. 

На Самитот е предвидено да се разговара и за миграцијата, која, како што се наведува, останува клучен приоритет за Европскиот совет, како и за конкретни прашања од надворешната политика. 

- Ќе настојувам да ја завршиме нашата средба во еден ден, но со оглед на неизвесноста околу можните меѓународни случувања, не можам да ја исклучам можноста дека можеби ќе треба да продолжиме и в петок, наведе Кошта во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на мартовскиот редовен Европски совет следната недела. сп/  

Фото: МИА архива  

Остани поврзан