• среда, 27 ноември 2024

Марота потврди: Лаутаро потпиша нов договор со Интер

Марота потврди: Лаутаро потпиша нов договор со Интер

Милано, 21 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Интер, Џузепе Марота потврди дека капитенот Лаутаро Мартинез веќе го потпишал својот нов договор со клубот, кој ќе биде објавен откако напаѓачот ќе се врати од триумфот на Копа Америка со Аргентина.

-Се е готово, тој веќе ги потпиша документите. Сепак, сакаме да го официјализираме кога ќе се врати од одмор, прокоментира Марота за „Скај спортс“, кој ја отфрли можноста клубот да потпише со напаѓачот на Џенова, Алберт Гудмундсон: „Тој не е опција. Во моментов имаме напад кој е полн со квалитет. Тој не е она што ни треба во моментов“.

Шефот на „нероазурите“, исто така, увери дека со новите засилувања досега, тимот на Симоне Инзаги е подготвен да ги оствари своите цели во претстојната кампања.

-Го направивме тимот конкурентен за нашите цели. Имаме одличен тренер, кадар од највисоко ниво и одлични навивачи. Ова е она што го градиме за следната сезона, изјави Марота.

Тој го поздрави и именувањето на Антонио Конте на чело на Наполи.

-Колку посилни тимови имаме во Серија „А“, толку подобро. Конте е добар тренер и Наполи сигурно ќе биде меѓу претендентите за Скудетото, заврши Марота. дс

Фото: Архива

Остани поврзан