Маричиќ- Оберхубер: Поддршка и соработка со ГИЗ на патот кон ЕУ
- Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Да
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Давид Оберхубер.
На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка со стратешкиот економски и политички партнер, Сојузна Република Германија, преку активноста на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и се разгледаа можностите за соработка во релевантните области на европската интеграција како и за други области од интерес на македонските институции, соопшти кабинетот на вицепремиерот Маричиќ.
На состанокот тој ги потенцираше конкретните придобивки од соработката со ГИЗ, додавајќи дека нивното разновидно знаење и стручност се исклучително важни, а нивните пренесените искуства применливи, особено сега кога започнаа преговорите со ЕУ.
Соговорниците на средбата ја потврдија важноста и значењето на континуираната поддршка и соработка што ги добива земјава од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата, што се од исклучително значење за напредокот на нашата реформска агенда и евроинтегративниот процес.
Маричиќ се заблагодари за посветеноста и искрената волја за соработка и со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), Оберхубер се договорија дека ќе ја продолжат блиската соработка и во иднина, особено во различни проекти поврзани со спроведувањето реформите и реализацијата на европската агенда, се неведува во соопштението од кабинетот на виепремиерот задолжен за европски прашања.са/