• понеделник, 23 декември 2024

Маринакис: Сè додека трае оваа ситуација во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Маринакис: Сè додека трае оваа ситуација во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Атина, 21 мај 2024 (МИА) – Во никој случај нема да се ратификуваат меморандумите сè додека трае оваа ситуација, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и уште еднаш посочи дека Грција ќе го следи „развојот на настаните од новата Влада на Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали одново ќе преговараат за Договорот од Преспа, Маринакис посочи дека бидејќи го почитуваат континуитетот на државата, сега се обврзани да го имплементираат „лошиот договор што не го сакаа и не го гласаа“.

Владиниот портпарол упати критики до СИРИЗА за одлуката да ги донесе меморандумите во Парламентот, рече дека иако е опозиција, сепак е грчка опозиција и ќе требаше сите да бидат на иста страна, без разлика дали се согласуваат или не со Договорот од Преспа, од моментот кога „другата страна не ги признава основните работи“.

-Доаѓа сега СИРИЗА во моментот кога другата страна не го прави ни основното, не користи ерга омнес за името, односно како се вика земјата, наместо да вели Северна Македонија, вели Македонија, а опозицијата во земјата, која од една страна во ред, опозиција е, но е опозиција во Грција, што вели? Како одговор на другата страна, што не се придржува до основното, да им дадеме сè. Не ја именувате земјата како што предвидува договорот? Ние ќе изгласаме сè. Го имаме изгубено едното оружје, кое е НАТО, сега да го изгубиме и второто, а тоа се преговорите за пристапниот процес во Европа на Северна Македонија, рече Маринакис и додаде дека „позицијата на СИРИЗА е несфатлива и нема никаква логика“. ср/са/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан