• сабота, 23 ноември 2024

Маржите на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до крајот на годината

Маржите на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до крајот на годината
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска одлучи да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 31 декември 2022 година. – Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните три месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, соопштија од Министерството за економија. Оттаму додадоа дека согласно одлуката, висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет отсто во трговијата на мало. - Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 проценти и 3,5 отсто млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и до 10 отсто во трговијата на мало, наведоа од Министерството за економија. Од владината прес служба, по седницата на Владата истакнаа дека одлуката се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани. - На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата на мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, нагласија од Влада. см/сп/

Остани поврзан