• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години

Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години

Манчестер, 22 мај 2025 (МИА) - Поразот со 1:0 од Тотенхем синоќа во финалето на Лига Европа беше 20-ти за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања во сезоната 2024/25, не сметајќи го поразот на пенали од Фулам во англискиот Лига куп.

Јунајтед го повтори својот негативен рекорд од сезоната 1973/74, кога тогашниот тим испадна од англиската прва дивизија.

Манчестер јунајтед го загуби своето второ европско финале во низа. Во 2021 година „Црвените ѓаволи“ загубија на пенали од Виљареал во финалето на Лига Европа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан