• вторник, 23 јули 2024

Манчестер Јунајтед е многу блиску до потписот на Де Лихт

Манчестер Јунајтед е многу блиску до потписот на Де Лихт

Минхен, 21 јули 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед е многу блиску до потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт.

„Црвените ѓаволи“ се подготвуваат да понудат 45 милиони фунти плус бонуси на Баварците за да го обезбедат репрезентативецот на Холандија, пренесува англиски „Експрес“.

Се верува дека клубот веќе ги договорил личните услови за централниот бек.

Де Лихт, кој претходно работеше со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг во Ајакс, ќе стане второто дефанзивно засилување на тимот летово по доаѓањето на Лени Јоро од Лил.

На „Олд Трафорд“ се пресели и Џошуа Зиркзе. дс

Фото: Архива

Остани поврзан