• сабота, 23 ноември 2024

Манчестер јунајтед го победи Брајтон со гол од пенал досуден по последниот свиреж

Манчестер јунајтед го победи Брајтон со гол од пенал досуден по последниот свиреж
Брајтон, 26 септември 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед го совлада Брајтон со 3:2 во натпревар од 3. коло на Англискиот шампионат одигран попладнево. Гостите победничкиот гол постигнаа во 10.минута од судиското продолжение од пенал. Главниот судија на средбата, Крис Каванаг, најрпво отсвири крај, по што доби навестување од ВАР дека треба да се досуди пенал. Тој му дозволи на Манчестер Јунајтед да изведе удар од белата точка кој на гостите им донесе три поени. Пеналот го реализира Бруно Фернандеш. За Јунајтед ова е прва победа во новата сезона по два одиграни натпревара, додека Брајтон го запиша вториот пораз на третиот меч. зс/

Остани поврзан