• понеделник, 23 декември 2024

Манчестер сити и Менди во октомври на суд

Манчестер сити и Менди во октомври на суд


Лондон, 7 септември 2024 (МИА) – Судскиот процес меѓу поранешниот фудбалер на Манчестер Сити Бенџамин Менди и англискиот првак поради неисплатени плати ќе почне во октомври, јавија британските медиуми.
Менди го тужеше својот поранешен клуб за незаконско намалување на платата во вредност од неколку милиони фунти.
Манчестер Сити го суспендираше Менди во август 2021 година по почетокот на неговата кривична постапка.
Менди во август 2021 година беше обвинет за четири силувања и еден сексуален напад.
До почетокот на судењето на 10 август 2022 година, Менди беше обвинет за уште четири силувања и еден обид за силување.
На Менди му се судеше три пати по тие обвиненија.
Судот го прогласи за невин по сите обвиненија, а конечната пресуда беше донесена на 26 јуни минатата година.
Договорот на Менди со Манчестер Сити истече на 30 јуни минатата година и клубот не сакаше да го продолжи. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан