• четврток, 26 декември 2024

Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење

Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење

Бања Лука, 4 ноември 2024 (МИА) – Малолетниот Е.С. кој на 24 октомври со нож уби еден полицаец, а повреди друг во полициската станица во Босанска Крупа, за време на распитот во Обвинителството на Унско-санскиот кантон (УСК), се бранеше со молчење.

Тој при апсењето извикал „Алах да ве казни сите, кои утрово бевте на сабах“.

Според дел од локалните медиуми, малолетникот пред нападот напишал тестамент кој го оставил во семејниот дом.

Властите на Федерацијата Босна и Херцеговина нападот го окарактеризираа како терористички. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан