• вторник, 24 декември 2024

Малиар: Украина ослободи осум населени места во последните две недели

Малиар: Украина ослободи осум населени места во последните две недели

Киев, 19 јуни 2023 (МИА) - Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар денеска потврди дека украинските сили ослободиле осум населени места во последните две недели во нивните офанзивни операции, вклучувајќи го и селото Пијатикатки.

-Во текот на двенеделните офанзивни операции на правците на Бердијанск и Мелитопоље, беа ослободени осум населени места, изјави Малиар во апликацијата за пораки Телеграм.

Официјален претставник во Русија претходно изјави дека Украина повторно го зазела Пиатикатки, село во јужниот регион Запорожје. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан