• вторник, 26 ноември 2024

Макрон: САД и Германија се главните противници на пристапот на Украина во НАТО

Макрон: САД и Германија се главните противници на пристапот на Украина во НАТО

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) - САД и Германија се главните противници на пристапот на Украина во НАТО, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред самитот на 75-годишнината на Алијансата во Вашингтон, јави ДПА.

Макрон го посочи вниманието кон „силното противење“ на САД и Германија на можната покана до Украина за приклучување кон Северноатлантската алијанса.

-На крајот, одлуката да се покани Украина за влез во НАТО ќе ја донесат сојузниците, рече тој.

Францускиот претседател потсети и на нервозата на Киев затоа што немаше таква покана на претходниот самит на НАТО во литванската престолнина Вилнус.

-Украинците беа доста нервозни кога сфатија дека вратата е отворена, но не до толку. И мислам дека сценариото за самитот во Вашингтон е исто, додаде Макрон, а со тоа индиректно ги урна украинските надежи за прием. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан