• петок, 20 декември 2024

Макрадули вети надминување на проблемот со неработењето на поштата во Скудриње

Макрадули вети надминување на проблемот со неработењето на поштата во Скудриње
Дебар, 15 јули 2021 (МИА) - Надминување на проблемот со нефукционирањето на поштенската единица во најголемото долнореканско село Скудриње беше целта на денешната посета на директорот на Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули во Општина Маврово и Ростуше. - На средбата директорот Макрадули лично го запознав со состојбата со поштата во населеното место Скудриње, која не функцонира. Вети дека ќе стори се, во интерес на граѓаните во најбрз можен рок да започне постапката за отворање на поштата во Скудриње, стои во објавата на градоначалнкот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовск на Фејсбук. Макрадули оценил дека по сите параметри и критериуми, селото ги исполнува условите да има единица на поштенска мрежа. - Се заблагодарувам на директорот Јани Макрадули што веднаш прифати да дојде во посета и на самото место, на средба и разговор со жителите на селото да се запознае со состојбата со поштата, како и благодарност за ангажирањето да се реши овој проблем, наведува градоначалнкот. Поштенската единица функционирала повеќе децении. По затворањето, жителите на ова село за каква било поштенска услуга мора да патуваат до Дебар. вт/фф/

Остани поврзан