• понеделник, 23 декември 2024

Македонски весник „Илинден” почна соработка со весникот „Нова Македонија“ 

Македонски весник „Илинден” почна соработка со весникот „Нова Македонија“ 

Дебар, 6 јули 2024 (МИА) - Македонскиот весник “Илинден” почна соработка со весникот „Нова Македонија“, првиот дневен весник на македонски јазик, кој излегува од далечната 1944 година и е најголем весник во Македонија информираше Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.

-Сега македонски весникот “Илинден” ќе биде уште поблиску до читателите. Со ова весникот “Илинден” стана прв весник на Македонци од Република Албанија и Балканот што е дел од порталот на весникот „Нова Македониј". Голема благодарност до тимот на весникот, додава Ѓурѓај.

Според него првиот број на весникот „Илинден“ беше отпечатен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години "предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и Македонија и кај сите Македонци во сосеството и диаспората".

Весникот е гласило на македонското друштво “Илинден“-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски  континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија. вт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан