• среда, 07 август 2024

Македонските фудбалерки подобри од Летонија

Македонските фудбалерки подобри од Летонија
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Македонската женска фудбалска репрезентација ја забележа втората победа во Мундијалските квалификации. Попладнево во Скопје совладана е Летонија со 3:2. Ова беше натпревар од 9. коло од Д-групата. Стрелци на головите за македонската репрезентација беа Наташа Андонова во 13. минута и 17. минута од пенал, и Гентјана Рочи во 72. минута. Гостинките погодија преку Анастасија Рочане во 5. и Олга Шевцова во 79. минута. Македонките по девет натпревари во Д-групата имаат шест бода и се претпоследни (5.место), последни се Литванките со три бода. Лидер на табелата е Англија со осум победи од осум натпревари. зс/

Остани поврзан