Македонските фудбалери до 18 години ќе имаат две контролни средби со турската репрезентација
- Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Турција. Двете контролни средби ќе бидат одиграни на попладне и в петок

Скопје, 20 април 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревара против соодветната селекција на Турција. Двете контролни средби ќе бидат одиграни на попладне и в петок со почеток од 16 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје, објави ФФМ.
Селекторот Неџат Шабани се одлучи да ги повика следните фудбалери:
голмани: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев
одбрана: Борјан Попоски, Енис Буќи, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани, Давид Љусев;
среден ред: Идриз Османовиќ, Валдер Керимоски, Игор Јаневски, Марин Ѓорѓиевски, Матеј Ѓоргиев, Џезаир Авдули, Матеј Ангелов;
напад: Артан Мемедов, Бесар Гуџуфи, Димитар Трајковски. зс/