• среда, 25 декември 2024

Македонските ракометари од вториот шешир чекаат противници за СП 2023

Македонските ракометари од вториот шешир чекаат противници за СП 2023

Виена, 25 јуни 2022 (МИА) – Една недела пред закажаната жрепка на 2 јули, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) го објави составот на четирите шешири за групната фаза од Светското првенство, чии домаќини идниот јануари ќе бидат Полска и Шведска.

Македонската репрезентација жрепката ќе ја чека од вториот по квалитет шешир, во кој се и Катар, Хрватска, Чешка, Бразил, Португалија, Полска и Црна Гора.

Потенцијални противници на избраниците на селекторот Кирил Лазаров од првиот шешир се Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија и еден учесник од африканскиот континент.

Во третиот шешир по ранг се Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Чиле и две африкански репрезентации преку квалификациите, додека, четвртиот шешир сè уште, исто така, не е комплетиран, и покрај Уругвај, Иран и Јужна Кореја, ќе го сочинуваат две африкански репрезентации, учесникот од Северна Америка и Карибите, како и две репрезентации, кои ИХФ ќе ги одреди да настапат со вајлд карта. ег/ар/

Остани поврзан