• сабота, 23 ноември 2024

Македонските ракометари во групата носители пред мундијалската жрепка

Македонските ракометари во групата носители пред мундијалската жрепка

Келн, 22 јануари 2024 (МИА) – Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска официјално го потврди составот на шеширите за баражот за пласман на Светското првенство кое во 2025 година заеднички ќе го организираат Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонската репрезентација се најде во првиот шешир и ќе биде носител во жрепката која е закажана за 27 јануари.

Можни противници на македонските ракометари се репрезентациите на Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Финска/Литванија и Словачка/Луксембург/Израел.

На Европското првенство кое е во тек избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја совладаа Швајцарија, а претрпеа порази од домаќинот Германија и Франција, и го освоија 17 место. ег/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан