• сабота, 23 ноември 2024

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје. Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас Бугарија. По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите. сст/мд/  

Остани поврзан