• сабота, 23 ноември 2024

Македонска поезија во Буенос Аирес

Македонска поезија во Буенос Аирес

Скопје, 21 април 2023 (МИА) - Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ во соработка со федералниот и меѓународен фестивал „La Luna Con Gatillo“, организираат онлајн претставување на македонска поезија во Буенос Аирес, Аргентина.

- Домаќин на настанот е Леонардо Гастон Херман, модератор ќе биде Митко Гогов, додека со своја поезија ќе се претстават Драгана Евтимова, Дарко Лешоски, Ива Дамјановски, Исток Улчар, Марина Шокева и Перо Сарџоски. Шестото издание на „La Luna Con Gatillo“ е организирано од Меѓународната федерација на писатели и писатели за слобода (FIEL) и Voices of the Wind од Аргентина и во текот на април организираат секојдневни настани од областа на културата, како во живо, така и онлајн, па освен презентацијата на македонска поезија, во програмата имаат презентација на европски автори, поети од Колумбија, Мексико..., се наведува во соопштението на „Контекст - Струмица“.

Нашата држава, како што се посочува во соопштението, е по вторпат дел од оваа културна размена на искуства и во иднина се планирани други настани, преку кои Аргентина ќе се запознае со актуелната книжевна и ликовна сцена. бд/дма/

ФОТО: „Контекст - Струмица“

Остани поврзан