Македонија убедливо поразена од Хрватска во пријателски натпревар
- Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 3:0 (2:0) во пријателски натпревар одигран во Ријека.

Ријека, 3 јуни 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 3:0 (2:0) во пријателски натпревар одигран во Ријека.
Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и не дозволи изненадувања, а Македонија немаше некоја посериозна шанса за гол.
Во 10. минута Мајер со прекрасен гол од слободан удар го отвори резултатот. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45 минута, додека потврда на победата стави Пашалиќ во 79 минута.
Следниот натпревар на Македонија е на 10. јуни на гостински терен кај Чешка. дс
Фото: Принтскрин