Македонија до 21 славеше победа над Полска
- Младата репрезентација на Македонија до 21 години во интересен и возбудлив контролен натпревар оствари триумф од 2:1 над силната селекција на Полска.
Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Младата репрезентација на Македонија до 21 години во интересен и возбудлив контролен натпревар оствари триумф од 2:1 над силната селекција на Полска.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски уште еднаш докажаа дека може да се носат со силните и моќни репрезентации, како што беше и денешниот противник.
Марио Илиевски во 44. минута ја донесе Македонија во предност од 1:0. На самиот старт на вториот дел, Лука Станковски стрела прецизно во 47. минута за предност од 2:0. Полска преку Борис во 84. минута го намали водството на Македонија и ги постави конечните 2:1.
На 5. јуни, селекцијата на Македонија до 21 година ќе одигра уште еден контролен натпревар против соодветната селекцика на Босна и Херцеговина. дс
Фото: ФФМ