• сабота, 23 ноември 2024

Магнусен: Во 2021 година, Хас може да се приближи до водeчките тимови

Магнусен: Во 2021 година, Хас може да се приближи до водeчките тимови
Лондон, 7 јуни 2020 (МИА) - Пилотот на Хас, Кевин Магнусен изјави дека гледа потенцијал во американскиот тим и сака да остане во него следната сезона. - Сакам да останам во Хас и следната година. Тимот има опција да го продолжи договорот, се надевам дека ќе ја искористат оваа можност. Сигурен сум дека во наредните години, сè ќе биде добро во Хас, и со оглед на воведувањето на буџетски ограничувања, можеме да се доближиме до водечките екипи во 2021 година. Во зимските тестови болидот изгледаше ветувачки, се чини дека бевме во можност да ги решиме проблемите што нè мачеа минатата година, изјави Магнусен. Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почна на 5 јули во Австрија. зс/

Остани поврзан