• понеделник, 23 декември 2024

Лукашенко повикува на мирни преговори меѓу Русија и Украина

Лукашенко повикува на мирни преговори меѓу Русија и Украина

Минск, 15 август 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко повторно повика на преговори меѓу Москва и Киев, овојпат во контекст на украинската офанзива во руската погранична област Курск, пренесе ДПА.

- Мораме да седнеме на преговарачка маса и да ставиме крај на овој спор. Ова не е потребно ниту на Украинците, ниту на Русите, ниту на Белорусите, изјави Лукашенко во интервју за рускиот државен телевизиски канал „Русија 1“.

Претседателот на Белорусија нагласи дека Западот, особено високопоставени претставници на САД, имаат интерес од ескалација на конфликтот. - Тие сакаат да се уништиме меѓусебно, оцени Лукашенко. ссм/

фото: архива

Остани поврзан