• среда, 25 декември 2024

Луизијана може да стане ново жариште на коронавирусот во САД

Луизијана може да стане ново жариште на коронавирусот во САД
Вашингтон, 26 март 2020 (МИА) - Луизијана може да стане уште едно жариште на новиот коронавирус откако во сојузната држава за едно деноноќие беа регистрирани 400 нови случаи на инфекција. Заклучно со денеска, во државата има речиси 1.800 случаи на коронавирус, и како се зголемува бројот на тестирани лица, така се откриваат нови инфекции. Во Луизијана, од болеста Ковид-19 досега починале 65 лица, а само две недели претходно беше забележан првиот позитивен тест. Државата се вклучи во списокот на оние кои добиваат федерална помош во случај на катастрофа, во кој се наоѓаат Њујорк, Калифорнија и Вашингтон. Со ова, се отвара можност за добивање милионски суми помош за болничките капацитети на државата да одговорат на маштабот на епидемијата. Во Луизијана, како и во десеттина други сојузни држави, во сила е забрана за социјални интеракции и граѓаните се повикуваат да останат дома. Со овие делумни и незадолжителни забрани, кои зависат од вољата на граѓаните, властите се надевaат да го намалат бројот на заболени од коронавирус. Њујорк е најпогодена држава, каде заклучно денес се регистрирани над 33.000 случаи, или речиси половина од вкупниот број на заболени во САД, а 366 лица починале. Но ниво на Америка, пак, досега од коронавирусот починаа 1.049 лица. кб/  

Остани поврзан