• вторник, 24 декември 2024

Лугалиу: За две години намален увозот од Србија за 70 проценти

Лугалиу: За две години намален увозот од Србија за 70 проценти

Приштина, 18 јули 2024 (МИА) – Директорот на косовската царина, Агрон Лугалиу денеска изјави дека изминатите две години, поради спроведувањето на безбедносните мерки од страна на Владата на Косово, увозот на стоки од Србија е намален за околу 70 отсто, додека увозот од Албанија е зголемен за околу 25 проценти.

Тој во интервју за приштинската новинска агенција Косовапрес (Kosovapress.com) изјави дека во исто време има намалување на шверцот во северниот дел на Косово.

- Во изминатите две години владеењето на правото се спроведува многу поефективно, многу подлабоко во северниот дел, што влијаеше да се намали шверцот. Не само во северниот дел, туку и активностите што го опфатија остатокот од републиката“, рече Лугалиу.

Зборувајќи за увозот на стоки од Албанија, Лугалиу посочи дека во првите четири месеци од годинава има пораст во однос на истиот период лани.

- Имаме значителен пораст на увозот од Албанија, за околу 25 проценти за првите четири месеци од годинава во однос на истиот период лани, истакна Лугалиу.

По немирите во северниот дел на Косово на 14 јуни минатата година, косовската Влада воведе за забрана за увоз на српски артикли. ми/

фото: Фејсбук

Остани поврзан