• понеделник, 23 декември 2024

ЛСИ доби ново име - Партија на слободата

ЛСИ доби ново име - Партија на слободата
Тирана, 25 јули 2022 (МИА) - Албанското опозициско Движење за социјалистичка интеграција го смени името во Партија на слободата.
Новото име го соопшти Илир Мета, довчерашен претседател на Албанија и основач на партијата, по што доби поддршка од членовите на партијата на вечерашната конвенција.
- Да живее слободна и демократска Албанија, да живее Косово- независна држава, слава на нашиот народ, признание за сите оние кои ја формираа ЛСИ. Со среќа нека ни е Партијата на слободата, рече Мета.
Според медиумите неговата сопруга и лидерка на партијата Моника Круемади,  поднела оставка, а за претседател на  организацискиот комитет на партијата е избран Мета.
Тој ЛСИ ја формира во 2004 година кога се отцепи од Социјалистичката партија чиј член беше од 1990 година. вт/сд/

Остани поврзан