• среда, 17 декември 2025

Ли Џе Мјунг победи на претседателските избори во Јужна Кореја

Ли Џе Мјунг победи на претседателските избори во Јужна Кореја

Сеул, 3 јуни 2025 (МИА) – Левичарскиот кандидат Ли Џе Мјунг победи на претседателските избори во Јужна Кореја, а конзервативниот ривал Ким Мун Су го призна поразот, јави новинската агенција Јонхап во вторникот.

По пребројувањето на речиси сите гласови, опозицискиот политичар е јасно пред Ким, објави Јонхап.

Според Јонхап, Ли првично водел со 48,4 отсто од гласовите, додека Ким добил 42,8 проценти. Во тој момент биле преброени околу 88 отсто од гласовите. Конечниот резултат се очекува во утринските часови. Излезноста на гласачите била исклучително висока – 79,4 отсто.

Ли доаѓа од левичарскиот опозициски табор и е ривал на конзервативниот поранешен претседател Јун Сук Јеол, кој ја турна источноазиската земја во повеќемесечна криза на крајот на 2024 година, пренесе ДПА. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан