• сабота, 20 декември 2025

Лишен од слобода кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

Лишен од слобода кумановец, со „молотов коктел“ запалил трева во Средорек

Скопје, 20 јули 2025 (МИА) - Во СВР Куманово во ноќеска во 02,10 часот е  пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, е е лишено од слобода во ПС Куманово.

При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.лв/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан