Приведен крадец во Струмица, расчистени четири кривични дела
- Во Струмица нa 09.12.2024 во 13.30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.С.(32) од струмичкото село Баница, поради сомнение дека на крајот на ноември и на почетокот на декември извршил четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш, при што одзел пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари.
Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Во Струмица во понеделникот во 13.30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.С.(32) од струмичкото село Баница, поради сомнение дека на крајот на ноември и на почетокот на декември извршил четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш, при што одзел пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела.
- Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а на 10.12.2024 во службен разговор во просториите на ОВР Радовиш, ги признал делата, соопштија од МВР.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/бак/
Фото: МИА архива