• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишени од слобода 18-годишник и малолетник од Тетово кои извршиле обљуба врз две малолетнички

Лишени од слобода 18-годишник и малолетник од Тетово кои извршиле обљуба врз две малолетнички

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - МВР информира дека вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во село Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз неговите две малолетни ќерки.

Насилниците притоа снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица.

Според МВР, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. мч/дма/

фото: МИА

Остани поврзан