• четврток, 07 ноември 2024

Лице од Шипковица на разговор во полиција за пожарот на влезот од селото

Лице од Шипковица на разговор во полиција за пожарот на влезот од селото
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен вчера во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект што граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи. - Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР. цр/лв/    

Остани поврзан