• вторник, 24 декември 2024

Лиценци од МТСП за даватели на помош и нега во домот во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево

Лиценци од МТСП  за даватели на помош и нега во домот во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево

Скопје, 1 август 2023 (МИА) - Министерката за труд  и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе додели дозволи за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга за помош и нега во домот на територијата на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево.

Услугата е наменета за повозрасни лица, лица со намален функционален капацитет и лица со попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе. Главна цел на новата услуга е да го подобри и одржи здравјето на ваквите лица на подрачјето на територијата на овие четири општини и да им помогне во извршувањето на активностите од секојдневниот живот, информира Министерството за труд и социјална политика.

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

МТСП најави дека лиценцата на Центарот за развој и едукација за општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани ќе биде доделена во село Долнени во 11.00 часот, додека врачување на лиценцата на Црвениот крст Крушево за територијата на оваа општина е во 14.30 часот.

На настанот во село Долнени ќе говорат министерката Тренчевска, градоначалниците на Долнени, Урим Ибески, на Прилеп, Борче Јовчески и на Кривогаштани, Николче Мискоски, како и претседателката на Центарот за развој и едукација, Марина Тошеска. На настанот во Крушево, покрај министерката Тренчевска  ќе говорат и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, како и секретарката на Црвен крст Крушево, Софија Николовска.сх/лв/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан