• понеделник, 16 декември 2024

Литературен конкурс за средношколците во Охрид на тема „Векувањето на македонскиот јазик“

Литературен конкурс за средношколците во Охрид на тема „Векувањето на македонскиот јазик“

Охрид, 1 февруари 2023 (МИА) - Младинскиот центар од Охрид распишa литературен конкурс по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на тема „Векувањето на македонскиот јазик“.

Право на учество имаат сите ученици од средните училишта во Охрид, а доставените литературни творби треба да бидат поезија или проза на зададената тема.

Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра и возраста на учесникот, со право на учество со оригинални, досега необјавувани литературни творби.

Изборот на најдобрите ќе го врши тричлена комисија, формирана од „Младински Центар“ Охрид, а добитниците со посебен примерок од литературната творба го докажуваат авторството.

За најдобрите се предвидени по при три награди во двете групи (проза и поезија), што ќе бидат врачени на 21 февруари.

Литературните творби треба да се испратат во електронска форма на имејл-адресата contact@mco.mk со назнака „Литературен конкурс“, со рок за пријавување до 15 овој месец. аб/свс/

Остани поврзан