• вторник, 24 декември 2024

Лимани: Ќе заврши досегашната практика да се добијат 5 до 10 проценти од секоја јавна набавка

Лимани: Ќе заврши досегашната практика да се добијат 5 до 10 проценти од секоја јавна набавка

Кичево, 30 септември 2021 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево, Фатмир Лимани, во рамки на предизборната кампања денеска оствари средба со претставници од Регионалната стопанска комора, каде ги слушнал предлозите од нивна страна, што треба да се преземе од страна на идниот градоначалник, за Општина Кичево да биде поразвиена и со помала миграција на локалното население.

Тој во своето излагање главен акцент стави на елиминирање на досегашната практика каде при секоја јавна набавка за сопствен интерес да се добијат 5 до 10 проценти.

- Со моето доаѓање на местото градоначалник на Општина Кичево, ќе престане досегашната практика од секоја јавна набавка за сопствен интерес да се добијат 5 до 10 проценти. Овие пари ќе си ја добијат вистинската намена за развој на компаниите и кои на тој начин ќе бидат и побогати и за истиот процент ќе ги покачат платите на своите вработени, истакна Лимани.

Тој потенцираше дека поголемо внимание ќе посвети на екологијата, изградба на три санитарни депонии, рециклирање на комуналниот отпад и додека има јавни работи на територија на Општина Кичево, ќе бидат ангажирани локални компании и поединци.

-  Ќе заврши досегашната практика на наша територија да бидат ангажирани компании и поединци од други општини. Наша интенција ќе биде во сите јавни работи директно да се вклучат локалните компании, со што ќе ја подобрат економската кондиција, а нивните вработени ќе добијат и повисоки плати. На тој начин ќе имаме богата бизнис заедница која ќе генерира натамошен развој на општината. И порача дека се што зборува ќе биде имплементирано, ако го добие мандатот од граѓаните, посочи Лимани.

Претседателот на Регионалната стопанска комора Игор Соколески нагласи дека во иднина треба да се зајакне „локал патриотизмот“ во сите идни инвестиции што ќе се случуваат во општината и да се искористат целокупните локални ресурси и побараа во иднина да има поголема соработка со градоначалникот. за/фф/

Остани поврзан