Лимани: Министерот Лимани го остави да егзистира од донации Дневниот центар за деца
- СООПШТЕНИЕ - Веќе пет месеци Дневниот центар кој згрижува деца од улица се финансира од донации откако Владата ги сопре финансиските средства наменети за ценарот.
Скопје, 21 мај 2025
Веќе пет месеци Дневниот центар кој згрижува деца од улица се финансира од донации откако Владата ги сопре финансиските средства наменети за ценарот.
Владата на ДПМНЕ,ВРЕДИ И ЗНАМ наместо да го сузбиваат питачењето и да се залагаат децата-питачи да добијат соодветна грижа и образование како и секое друго дете, тие ги запреа средствата наменети за дневниот центар во Шуто Оризари кој ги згрижува овие деца. Па така, дневниот центар сега функционира на база на донации и помош од хумани граѓани, но знак прашање е до кога ќе може да функционира без директна помош од државата.
Дека власта воопшто не се грижи за децата од улица говори и фактот дека државата нема државни центри за згрижување на деца од улица и таа дејност им е препуштена да ја обавуваат невладини организации. Во Република Македонија постојат само два вакви дневни центри, но истите без финансиска помош од државата не можат да опстојат. Улогата на овие дневни центри е децата наместо да бидат на улица, да бидат згрижени и да добиваат дополнителна едукација, топол оброк, облека, социјална активности и сл.
Бидејќи постои непосредна опасност децата кои се штитеници на дневниот центар да се вратат на улица, го повикуваме министерот Лимани да превземе мерки под итно да се реши проблемот со дневниот центар, за овие деца да не останат незгрижени.
ПП Левица
____________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.