• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лидери од ЕУ, Зеленски и Руте во Вилнус: Фокус на НАТО и Украина

Лидери од ЕУ, Зеленски и Руте во Вилнус: Фокус на НАТО и Украина

Вилнус, 2 јуни 2025 (МИА) - Литванскиот главен град денеска е домаќин на самит на Букурешката деветка (Б9) и нордиските земји, на кој учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, јави Литванската национална телевизија (LRT).

На состанокот ќе се разговара за зголемување на воените буџети и координација пред претстојниот НАТО-самит во Хаг. Главни теми се поддршката за Украина и подготовките за Хаг, изјави Давидас Матулјонис, советник за национална безбедност на претседателот на Литванија, Гитанас Науседа.

Покрај земјите членки на Б9 – Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка – во Вилнус се и претставници на Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Исланд.

Американскиот претседател Доналд Трамп бара сојузниците да ги зголемат воените трошоци на 5% од БДП, додека Руте предлага компромис од 3,5% за одбрана и уште 1,5% за безбедносни расходи.

И покрај скепсата на Словачка и Унгарија околу помошта за Украина, Матулјонис рече дека темата ќе остане во фокусот. Балтичките земји и Полска веќе најавија планови за 5% од БДП за одбрана. ссм/

фото: архива

Остани поврзан