• сабота, 23 ноември 2024

Ливерпул ќе го продолжи договорот со Фирмино

Ливерпул ќе го продолжи договорот со Фирмино

Ливерпул, 30 јануари 2023 (МИА) - Ливерпул речиси се договорил за нов договор со напаѓачот Роберто Фирмино.

Новинарот Николо Шира објави дека 31-годишниот Бразилец ќе склучи договор со клубот до крајот на јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една година.

Фирмино е во Ливерпул од јули 2015 година и е под договор до крајот на јуни 2023 година.

Во сезоната 2022/23 тој постигна девет голови и четири асистенции на 21 натпревар. зс/

Остани поврзан