• петок, 05 декември 2025

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа договор за Флоријан Вирц

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа договор за Флоријан Вирц

Ливерпул, 13 јуни 2025 (МИА) - Германскиот фудбалер и член на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, ќе стане играч на Ливерпул, објави денес Би-Би-Си.

Ливерпул наводно се согласил да му плати на Леверкузен фиксна такса од 117,5 милиони евра, плус бонус од 19 милиони евра доколку се исполнат одредени услови.

Доколку се исполнат бонусите, тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан