• вторник, 24 декември 2024

Ливерпул ги скроти „волците“, но даде жртва

Ливерпул ги скроти „волците“, но даде жртва
Вулверхемптон, 24 јануари 2020 (МИА) - Ливерпул извојува тешка победа од 2:1 над Волверхемптон во 24-то коло од англиската Премиер лига во меч што се одигра синоќа на стадионот „Молино“. Избраниците на менаџерот Јирген Клоп поведоа во резултатот во почетокот на дуелот, благодарение на Џордан Хендерсон (8'). Меѓутоа, на средина на полувремето, еден од најдобрите во тимот од Мерсисајд, Садио Мане, беше заменето поради повреда. Во второто полувреме „волците“ успеаја да изедначат откако реализираше Раул Хименез (51'). Сепак, на крајот од натпреварот, Роберто Фирмино (84') беше прецизен и му донесе победа на тимот од градот на Битлси. Така, Ливерпул останува сам на врвот со 67 поени, 16 пред второпласираниот Манчестер Сити. Вулверхемптон, од друга страна, се наоѓа на 7-то место со 34 бода, исто како Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Остани поврзан